Стејт департмент: Русија злонамерно го користи православието

Вашингтон, 17 јануари 2022 (МИА) – Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го користи православниот идентитет за да ги унапреди своите геополитички интереси.

Портпарол на Стејт департментот рече дека „Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за да ги задоволи сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени православни цркви и други лидери, притоа поткопувајќи ги другите религии“.

Тој исто така ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи, додавајќи дека „заштитата на слободата на религијата или верувањето, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД“.

Прочитајте и:  Политико за „а ла карт“ политиката на Вучиќ: Вешто балансира меѓу Западот, Русија и Кина

„Луѓето треба да бидат слободни да донесуваат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади“, рече портпаролот на Стејт департментот.

- Реклама -