Како „ангел“ на Victoria’s Secret, Алесандра Амбросио има едно од најпосакуваните тела во светот. А кога ќе се земе предвид дека има родено две деца, нема жена на планетава што не и љубомори на мускулестото и затегнато тело.
Постојано ја гледаме во бикини и се воодушевуваме на нејзината убавина. Но, тоа што става впечаток е нејзиното цврсто тело и најубав стомак меѓу славните девојки. Алесандра напорно вежба за да изгледа вака, а трудот и тоа како и се исплати.
Папараците ја „уловија“ 32-годишната бразилска убавица на плажата Санта Моника во Лос Анџелес со свршеникот петгодишната ќерка Ања. Алесандра пред 15 месеци го роди синот Ноа.
Ова е телото по кое умираат сите жени