Стегач кој ви овозможува да читате додека трчате

За сите оние фитнес зависници за кои здравото тело и здравиот ум значат читање на аудио книги и трчање милји, компанијата Weatrons, со седиште во Њујорк го создаде уредот Run-n-Read.

Овој интересен уред ви овозможува да читате текст на вашиот таблет додека трчате. Се работи за тенок стегач кој се прикачува на главата или на јаката од вашата маица, а системот работи со е-читач апликација на вашиот таблет за да ги следи движењата на вашата глава и рамења.

run-n-read-v21

Системот прави читањето да биде синхронизирано со трчањето додека работи во стационарна позиција, исто како што е лесно читањето додека стоите неподвижно. Со цел да свртите страници, корисниците едноставно го допираат уредот еднаш за да се оди напред со страната и двапати за да се вратат назад на претходната страница.

Во прилог на карактеристиките за читање, системот исто така ја удвојува и функцијата на фитнес следбеник. Софтверот кој работи на Android и iOS уреди, е понуден бесплатно како алатка да се користи со компонентите на стегачот, кој во моментот е на располагање за 55 долари.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -