Стефани ја напушти куќата на „Големиот Брат“, овојпат засекогаш

После 40 дена поминати во куќата, Стефани Баниќ доброволно го напушти шоуто Големиот брат.

Скоро цела недела Стефани се жалеше на Големиот брат дека не може повеќе да издржи затворена во четири ѕида и дека има потреба да разговара со психолог.

После разговорот со Големиот брат во средата, таа се изјаснила дека сака да ја напушти куќата. Таа доби прилика да размисли ја својата одлука во рок од 24 часа. Доколку е сигурна дека сака да излезе, ГБ ќе и го овозможи тоа.

Veliki-Brat-51

Напнатата атмосфера и караниците со Ервин беа клучни за таа да ја напушти куќата. Стефани имаше можност да разговара и со својата мајка, но залудно.

Стефани повеќе не е станар во куќата на Големиот Брат. Вчера ја донесе конечната одлука. Го напушти шоуто.

- Реклама -