Пред шеесет и кусур години, човек вреснал во микрофон и тој звук бил искористен како звучен ефект во филмот „Distant Drums“ од 1951 година. Звукот бил искористен и во уште неколку филмови, по што се загубил некаде во холивудските лавиринти…
Дваесетина години подоцна, го наоѓа тонецот Бен Барт. Звукот е означен како „човек кого го јаде алигатор“. Бен Барт решава да го употреби за смртта на еден од „стормтруперите“ во „Војна на ѕвездите“.
Ама приказната не завршува таму – трае минимум до 1999-та. Доказ за тоа е следново видео, кое впрочем и ја отсликува навиката на Холивуд да рециклира едни исти елементи по сто пати.