Ставовите на Ајнштајн за светот

„Наставниците се однесуваа како подофицери. Сакав да го учам она што сакав да го знам, но тие сакаа да учам за испит. Она што мразев најмногу, беше натпреварувачкиот систем и спортовите. Поради тоа немав никаков успех и неколку пати ми предложија да го напуштам училиштето.

Тоа беше католичко училиште во Минхен. Чувствував дека мојата жед за знаење беше поголема од онаа на наставниците; оценките беа нивното единствено средство за мерење. Како може еден наставник да ги разбере младите со таков систем?

Од 12-годишна возраст почнав да се сомневам во авторитетите и да бидам скептичен кон учителиштето . Учев главно дома, прво од мојот чичко, потоа од еден студент кој доаѓаше да се храни кај нас еднаш неделно. Тој ми даваше книги за физика и астрономија.

Колку повеќе читав, толку повеќе бев збунет од редот на универзумот и безредието на човечкиот ум, од научниците, кои не се согласуваа околу прашањата “како”, “кога” и “зошто” за созданието.

Потоа еден ден овој студент ми ја донесе “Критиката на чистиот разум” на Кант. Читајки го Кант, станав сомнителен кон сето она што веќе го имав научено . Јас престанав да верувам во познатиот Бог на Библијата, туку започнав да верувам во мистериозниот Бог, изразен во природата.

a37ff3bfad055f2376faa2c4d1d7e2c7

Основните закони на универзумот се едноставни, но бидејќи нашите сетила се ограничени , не можеме да ги опфатиме. Суштеството има одреден модел.

Ако го погледнеме ова дрво однадвор, чиј корени бараат вода под тротоарот, или цветот што го испраќа слаткиот мирис на пчелите, или дури и нашата сопствена суштината и внатрешни сили кои не тераат да дејствуваме, можеме да видиме дека сите танцуваме на мистериозна мелодија , и дека свирачот, кој ја свири оваа мелодија од мистериозна дистанца – какво име и да му дадеме – креативна сила или Бог – се измолкнува на секое познание.

Науката никогаш не е завршена, бидејќи човечкиот ум користи само мала порција од својот капацитет и човечкото истражување на сопствениот свет е исто ограничено .

Суштеството може да е духовно по потекло, но тоа не значи дека сè што е создадено, е духовно . Како можам да објаснам такви работи? Ајде да се претпостави дека светот е мистерија. Природата не е ниту само материјална ниту целосно духовна.

Човекот е исто така повеќе од коски и крв ; инаку никакви религии не би биле можни. Зад секоја причина има друга причина; почетокот или крајот на сите причини останува да биде пронајден.

Сепак, едно нешто треба да биде запаметено: нема последица без причина и нема беззаконие во созданието.

slika2

Ако немав апсолутна верба во хармонијата на творбата, не би се обидувал 30 години да го изразам во математичка формула. Само човечкото осознавање на она што го прави со својот ум, е она што му овозможува да се насочи кон себе и меѓусебната интеракција со универзумот.

Верувам дека имам вселенски религиозни чувства. Никогаш не сум можел да разберам како некој може да ги задоволи овие чувства преку молење над ограничен објект. Дрвото однадвор е живот, една статуа е мртва. Целата природа е живот, а животот, каков што го набљудуваме, ја отфрла идејата дека Бог личи на човекот.

Човекот има бескрајни димензии и го открива Бог во својата совест. Една вселенска религија нема догма различна од онаа да го научи човекот дека универзумот е рационален и дека неговата највисока судбина е да го чува.

Ми се допаѓа да го доживувам универзумот како хармонична целина . Секоја ќелија има живот. Материјата исто така има живот; таа е скаменета енергија. Нашите тела се како затвори и јас со нетрпение очекувам да бидам слободен, но не шпекулирам што ќе ми се случи.

Сега живеам тука и мојата одговорност е во овој живот овде. Се занимавам со природните закони . Тоа е мојата работа тука на Земјата.

Светот има потреба од нови морални импулси кои, се плашам, нема да дојдат од црквите, силно компромитирани, какви што биле низ вековите.

Можеби овие импулси треба да дојдат од научници од традицијата на Галилео, Кеплер и Њутн. Иако неуспешни и прогонувани, овие луѓе оддадоа живот, за да докажат дека универзумот е единечен објект во кој, верувам, големите Богови немаат место.

slika3

Вистинскиот научник не живее од пофалба или од обвинение, ниту пак проповеда. Тој го открива универзумот и луѓето доаѓаат доброволно, без да се злоставувани, за да рашират ново откровение – Методите, хармонијата, величественоста на созданието!

И кога човекот ќе започне да реализира неверојатни закони кои го управуваат универзумот во совршена хармонија, тој почнува да сфаќа колку е мал . Ја гледа кревкоста на човековото постоење, со неговите амбиции и интриги, неговото “Јас сум подобар од тебе”.

Тоа е почетокот на вселенската религија во него; пријателството и човечкото служење стануваат негов морален кодекс. Без слични морални основи сме безнадежно осудени.

Ако сакаме да го подобриме светот, не можеме да го направиме со научното знаење, туку со идеали . Конфучие, Буда, Христос и Ганди направија повеќе за човештвото, отколку што направила науката.

Треба да почнеме со срцето на човекот – со неговата совест – и вредностите на совеста може да се јават преку несебична служба на човештвото.

Религијата и науката одат заедно.  Тие се меѓусебно зависни и имаат заедничка цел – потрага кон вистината.

Затоа е апсурдно религијата да ги забранува Галилео или Дарвин или други научници. И тоа е исто толку апсурдно како кога научниците велат дека не постои Бог. Вистинскиот научник има вера, што не значи дека тој мора да се согласи со дадено верување. Без религија нема добротворни цели. Душата, дадена на секој од нас, е управувана од истиот жив дух , кој го движи универзумот.

Верувам дека нема потреба да се грижите за тоа што се случува по овој живот, додека го исполнуваме долгот тука – да љубиме и да служиме.

Имам верба во универзумот, бидејќи е рационален. Законот лежи во основата на секој настан. И имам верба во нашиот повик тука на Земјата. Имам верба во мојата интуиција , јазикот на мојата совест, но немам верба во шпекулациите за Рај и Пекол. Загрижен сум за овој живот – овде и сега.

Spirit-Guide-drawing

Многу луѓе мислат дека напредокот на човечката раса е базиран на искуства од емпириска, критична природа, но јас тврдам дека вистинско знаење може да се стекне само преку една дедуктивна филозофија. Бидејќи интуицијата е она што го насочува светот , а не едноставното следење на патот, убивањето на мислата.

Интуицијата прави да гледаме неповрзани факти и потоа да размислуваме за нив, додека сите можат да бидат ставени под еден закон. Да гледаме поврзани факти значи да се држиме до она што го имаме, наместо да бараме нови факти.

Интуицијата е таткото на новото знаење, додека емпиризмот е ништо освен акумулација на старо познание. Интуиција , не интелектот, е нашето „Сезаме, отвори се”.

Навистина, не интелектот, туку интуицијата е онаа која што го развива човештвото. Интуицијата му кажува на човекот што е неговата вокација во овој живот.

Не ми е потребно ветување за вечност, за да бидам среќен. Мојата вечност е сега . Имам само еден интерес: да ја исполнам мојата вокација тука каде што сум.

Таа вокација не ми е дадена од страна на родителите или опкружувањето. Таа е предизвикана од некои непознати фактори. Овие фактори ме прават дел од вечноста. “

Алберт Ајнштајн

 

- Реклама -