Статичен велосипед VELA

Направите за вежбање најчесто не се многу атрактивни предмети, но едно дизајнерско студио има намера да го промени тоа. Резултатот е велосипедот VELA на Lunar Europe во Минхен кој изгледа како да припаѓа во уметничка галерија но сепак е функционален статичен велосипед.

Претставник на студиото рекол: „Домашните фитнес направи обично изгледаат како да припаѓаат во просторија за мачење. Нашата цел беше да создадеме функционална фитнес направа која, покрај тоа што ќе биде корисна, ќе ја украси секоја соба како и скулптура.“

- Реклама -