Старт на производството на Mercedes S класа

Mercedes објави дека точно 40 години по дебито на првата S-класа, во корпоративниот комплекс на брендот, во Зинделфинген, започна производството на новата, шеста генерација на предводникот.

Новиот Mercedes S-класа е со сосема нов дизајн на екстериерот и ентериерот, а главните акценти се поврзани со беспрекорната и лесна конструкцијата, зголемениот комфор и ергономија на внатрешноста. Сепак, најважните новини се поврзани со интегрираните асист – системи и секундарните состави за подобрување на целокупното задоволство и безбедност.

993_Mercedes-S-470-2

Возилото е опремено со првиот во светот посебен радарски систем, кој е во состојба да го следи патот пред возилото и автоматски да ја конфигурира воздушна суспензија за оптимално држење на патот и удобност. Друга многу интересна карактеристика кај новата генерација на S-класа, која ја издвојува од кој и да било друг сериски автомобил во светот е фактот дека при појава на пазарот тоа ќе биде првиот автомобил во кој нема ниту една од познатите класични светилки за осветлување туку се е преку диоди.

824_Mercedes-S-470-3

Во првата година од производството новата генерација Mercedes S-класа ќе може да биде нарачана во варијанти со два хибридни погонски системи, еден со комбинација со бензинец и електромотор и еден со дизел и електромотор. Идните сопственици на новиот предводник на Mercedes ќе можат да избираат и помеѓу две главни верзии во зависност од должината на возилото.

Првите испораки на новиот Mercedes S-класа ќе бидат реализирани на 20 јули.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -