Шведскиот принц Карл Филип, единствениот син на кралот Карл Шеснаесетти Густав, во саботата (13 јуни) се ожени со својата свршеница и долгогодишна девојка- поранешната старлета во реална шоу програма, на раскошна свадба во Стокхолм.
Принцот Карл Филип и поранешната реална ѕвезда, манекенката и инструкторка по јога Софија Хелквист стапија во брак во капелата на Кралската палата, во присуство на пет европски кралици, јапонски принцези и повеќе од десетина гости со „сина крв“.
Двојката се вери во јуни 2014 година.
Софија воодушеви со својата венчаница, со елегантна чипка од шведскиот дизајнер Ида Сиоштед. Погледнете подолу како сето тоа изгледаше: