Баларик ле Бен, морско спа градче кое се наоѓа во јужниот дел на Франција, на околу 32 километри од Moнпeje. Секоја година, еден куп пензионери и луѓе од средната класа доаѓаат тука на неколку недели на разни третмани, лекуваат реума и уживаат на сонцето. Третманите ги обавуваат во утринските часови, потоа одат на плажа, куглаат или пијат пијалоци во некои од баровите на шеталиштето. Секоја недела се организираат игранки.
Повеќето згради во Баларик изгледаат како да се направени од картон, но тоа не им пречи на посетителите. Тие не се богати, но напорно работеле со децении и сега сакаат пензијата да ја искористат на најдобар можен начин.
Фотографот, Јан Кастание вели дека оваа серија фотографии е инспирирана со сличен црно-бел проект кој неодамна го има работено.
„Во него, речиси две години го пратев дедо ми кој боледуваше од Алцхајмерова болест и живееше во старски дом. Ја документирав врската меѓу него и баба ми која траеше до крајот на неговиот живот. Тоа беше емотивен проект, на кој сакав да пристапам од сосема поинаков агол. Одлучив да користам бои, да сликам на отворено, под сонцето и да ја покажам другата страна на староста. Онаа среќната, која, и покрај некои здравствени проблеми, максимално ужива во животот. Во староста не се работи само за физичкото и менталното пропаѓање, и токму на тоа сакав да им укажам на луѓето“.