Ана Забоева е исклучително талентирана девојка од Русија која со помош на стари материјали кои веќе не се користат, креира фантастична серија на чевли со ретро дезен.
На нејзиниот блог, таа објаснува дека иако и е јасно дека трендовите минуваат со текот на времето, сепак, на одредени парчиња од гардероберот може да им се продолжи животниот век, едноставно рециклирајќи ги во нешто поинакво (во овој случај обувки).
Серијата чевли која Ана досега ја има создадено, најчесто е составена од крути материјали во шарени бои, чие целокупно комбинирање резултира со симпатични, фанки обувки кои потсетуваат на брендираните парчиња облека.