Стара и досега необјавена фотосесија од Мадона

Нејзиниот стил од 80-тите претставуваше клучен момент за модата ширум светот. Мадона со смелиот имиџ успеа своевремено да се стекне со титулата на модна икона. Неодамна излегоа низа фотографии кои досега ги немаше видено јавноста од 24-годишната Мадона, направени во далечната 1982 година. Ричард Корман е човекот кој застана зад објективот и кој на неколку локации низ Њујорк ја фотографираше младата надежна пејачка. Само една година после оваа фотосесија, Мадона го издаде нејзиниот деби албум.

- Реклама -