Вегетеријански, Star Wars со овошје, со тостери, правосмукалки, Star Wars за 20 минути или екпресна верзија од 3 минути… Големата сага подготвена на различни начини и за сечиј вкус.
Вегетеријански, Star Wars со овошје, со тостери, правосмукалки, Star Wars за 20 минути или екпресна верзија од 3 минути… Големата сага подготвена на различни начини и за сечиј вкус.
1. Star Wars во стилот на „Be Kind, Rewind“ преработка
Рецептот според Мајкл Гондри (режисерот на „Be Kind, Rewind“) е земете тоа што ќе ви се најде при рака (во случајов – картонски кутии) и импровизирајте.
2. Hardware Wars
Ова е стариот филм на Ernie Fosselius кој е прогласен за најдобра пародија на Star Wars. Во филмот настапуваат тостери и правосмукалки, а слоганот на филмот е „May the Farce be with you!“
3. Star Wars во 3 минути – со фигури од акциони херои
Ова веројатно е најстара техника за реконструкција на Star Wars. Џорџ Лукас прв се досети дека може да заработува со продажбата на фигури и макети, а малите фанови постојано со нив ги повторуваа клучните сцени од големата сага. Еве таква кратка верзија со фигури кои btw се многу поевтини глумци од оние холивудските.
4. Театарска верзија
5. Вегетеријанска верзија
Еве и една „ангажирана“ верзија, во која сите ликови се – овошки и зеленчуци. Позитивците (младиот Puke и останатите) се борат за здрава, органска храна која е нападната од мрачната страна на фармата која користи пестициди, загадување итн. Но без паника, овошјето ( и една боца кикиритки) на крајот ќе го возврати ударот.
6. Од аспект на тригодишно девојче
На крај, еве доказ дека биле во право оние злобници што викаат дека Star Wars се дотолку детинести што најдобро можат да ги разберат тригодишни девојчиња.