„Стар Трек“ компјутер за вашата кујна (видео)

ЕнтерпрајзСите ние знаеме да бидеме креативни на свој сопствен начин. На пример, некои луѓе измислуваат нови, невидени технологии, додека други ги модифицираат веќе постоечките во нешто што го виделе на филм или серија. Во овој случај, таа серија е „Стар Трек“. Холанѓанецот Паскал создал своја Windows XP маска, инспириран од LCARS (Library Computer Access/Retrieval System) компјутерскиот терминал на „Стар Трек“.


Сите ние знаеме да бидеме креативни на свој сопствен начин. На пример, некои луѓе измислуваат нови, невидени технологии, додека други ги модифицираат веќе постоечките во нешто што го виделе на филм или серија. Во овој случај, таа серија е „Стар Трек“. Холанѓанецот Паскал создал своја Windows XP маска, инспириран од LCARS (Library Computer Access/Retrieval System) компјутерскиот терминал на „Стар Трек“.

ентерпрајз

Неговиот тенок, модерен екран на допир со футуристички изглед, убаво го отсликува графичкиот интерфејс на LCARS. Паскал го користи за неговиот календар, возен распоред, шопинг листа, прелистување на интернет и нормално, за слушање музика и гледање видео (тука може да го спомнеме и симнувањето од торенти:).
Ако сакате нешто вакво во вашиот дом, имаме разочарувачка вест. Паскал вели дека не е можно некој да го поседува затоа што оперативниот систем е програмиран конкретно за тој хардвер како и за неговите потреби. Но, ако се покаже доволно голем интерес, можно е во иднина да го видиме на глобалниот пазар.

{youtube}2vOvDFxn76g{/youtube}
- Реклама -