Стар Трек 11 (видео)

Стар Трек 11 Пред 8 септември, 1966, сите беа само анонимни актери кои работеја на мали улоги по филмови и на телевизија. Но, откако излезе првата епизода од Стар Трек, Шатнер, Нимој, Такеи и остатокот од екипажот на Ентерпрајз станаа познати насекаде. Веројатно затоа режисерот на новиот Стар Трек 11 филм се реши да оди со непознати (или релативно непознати) актери, во обидот да го спаси брендот по дебаклот со последната серија во која главната улога ја играше Скот Бакула.


Пред 8 септември, 1966, сите беа само анонимни актери кои работеја на
мали улоги по филмови и на телевизија. Но, откако излезе првата епизода
од Стар Трек, Шатнер, Нимој, Такеи и остатокот од екипажот на
Ентерпрајз станаа познати насекаде. Веројатно затоа режисерот на новиот
Стар Трек 11 филм се реши да оди со непознати (или релативно непознати)
актери, во обидот да го спаси брендот по дебаклот со последната серија
во која главната улога ја играше Скот Бакула.

star_trek_poster.jpg

Следи преглед на актерите кои ќе ги одиграат легендарните улоги, во филмот кој излегува на 8 мај.

Крис Пајн (Џејмс Т. Кирк)

Крис Пајн потекнува од актерско семејство (татко му, Роберт, се појави во епизодна улога во „Војаџер“). Првата улога му беше во „ЕР“, во 2003. Првата главна улога ја имаше во филмот „Моја среќа“ во кој играше заедно со Линдзи Лохан. Тој ќе го игра капетанот на најпознатиот вселенски брод во светот на научната фантастика, иако за истата улога биле заинтересирани и други, далеку попознати актери како Мет Дејмон и Рајан Гослинг.

Закари Кинто (Спок)

Закари Кинто првпат се појави на телевизија во улогата на компјутерски техничар во третата сезона од „24“. Потоа, стана познат со улогата на негативецот кој скалпира луѓе (Сајлер) во „Херои“. Иако за улогата на Спок првично бил планиран оскаровецот Адриан Броди, Кинто ја добил улогата заради интересот и упорноста кои ги демонстрирал. Тој е единствениот од екипажот кој ја има таа среќа да глуми во филмот заедно со актерот кој прв го играше неговиот лик (Леонард Нимој). Нимој вели дека е презадоволен со изведбата на Кинто, иако му била потребна помош за да го изведе вулканскиот поздрав со разделени прсти.

Зои Саланда (Њота ухура)

Зои е родена во Њу Џерси, но израснала во Доминиканската Република. Се занимавала со балет, што потоа довело до нејзината прва улога како танчерка во „Главна сцена“. Најголемата досегашна улога ѝ беше во првиот дел од „Пирати од Карибите“, а во „Терминал“, нејзиниот лик призна дека е таен Треки.

Карл Урбан (Др. Леонард „Боунс“ МекКој)

Карл Урбан играл во филмови и на телевизија во неговата родна земја Нов Зеланд во деведесеттите, вклучувајќи ги тука и четирите различни улоги во „Зина – принцеза воин“. Првата голема улога му беше Еомер, воинот јавач во две продолженија од „Господар на прстените“.

Џон Чо (Хикару Сулу)

Роден е во Јужна Кореа, а кога имал 6 години, семејството му се преселило во Лос Анџелес. Постои гласина на интернет дека тој и неговите браќа учествувале на квизот „Семејна кавга“, но тој категорично одрекува. Улогата која го најави била во „Американска пита“. Иако го игра помладиот Сулу, со своите 35 години, Чо е всушност постар од што Такеи бил кога започнала серијата.

Сајмон Пег (Монтгомери „Скоти“ Скот)

Сајмон Пег ја започна кариерата како комедијант во родната Англија, што потоа му ги отвори вратите за настапи, а потоа и за пишување во култната серија „Спејсд“. По неговиот филм „Шон на мртвите“ кој стана хит, во интервју се пошегувал дека нема следна улога да му биде во „Невозможна мисија 3“, по што Џеј Џеј Абрамс го повикал да одигра улога токму во тој филм. Пег работел со синот на Џејмс Духан за најавтентично да го долови неговиот лик, без да го имитира покојниот актер.

Антон Јелчин (Павел Чехов)

За разлика од Волтер Кониг кој оригинално го играше Чехов, Јелчин е роден во Русија (семејството на Кониг биле имигранти од Литванија). Родителите на Јелчин биле успешни лизгачи на мраз, а тој работи во актерството уште откако имал 9 години, добивајќи одлични критики за независните филмови, меѓу кои најпознат е „Алфа куче“. Се појавил и на телевизија, во серијата „Хуф“, а следната улога му е во новиот филм за Терминатор.

За крај, последниот трејлер, на помалку од 1 месец до долгоочекуваното излегување на филмот:

{youtube}P0xaCB2nLS0{/youtube}

[Meet the New Crew of ‘Star Trek’]

- Реклама -