Ако ве бива, од се може да направите удобно место за живеење. Ќе ви претставам пример за тоа како стар брод може да се трансформира во пристоен дом.Домот што денеска ви го прикажувам навистина ме импресионираше. Сместен е во стар брод изграден во 1909 година, еднаш употребен за транспорт на тешка стока. Може да се види во Скепсхолем, остров во Стокхолм.
Овој пловечки дом се простира на 1 600 метри квадратни. Има две спални соби и две купатила. Уникатниот дом се продава за 800 000 фунти.