Многу медиуми ја објавија веста дека Станија Добројевиќ работела како проститутка во Дубаи, па очекувано пристигна и реакција од старлетата.
На страната Hot Escort Dubai има два профили со фотографии од Станија, која наводно се претставува под името Ава. Според нив, нејзината цена е од 150 до 1.000 долари, зависно од времето и потребите.
„Ава“ нуди анален, орален секс, двојна пенетрација и слично.
На самата објава пред неколку часа се огласија и адвокатите на Станија, во нејзина одбрана.
Во соопштението од адвокатската канцеларија велат дека се работи за имагинација на авторот, а со ова и се нанесени последици на нивната клиентка како на професионален, така и на приватен план.
„ Наведените текстови кои од „Курир“ ги превземаа и други медиуми се невистинити“.
Тие велат дека се работи за лажен профил и злоупотреба на фотографиите од профилите на ѕвездата.