Кралицата на поп музиката и српската старлета?
На прв поглед нема ни споредба. Меѓутоа…
Задник за фотографирање
Започнуваме од задникот од две причини: од една страна, Мадона беше хит за доделувањето на Греми наградите, а од друга- на Станија тоа ѝ е најголем адут.
Што се однесува до Мадона, претпоставуваме дека овој „блиц“ не бил случаен- нејзиниот задник ги засени во медиумите дури и добитниците на награди.
Што се однесува до Станија, таа „стратегија“ на сликање на задникот го прави успешно со години. Речиси секојдневно.
Аплауз за кралицата
Мадона неодамна објави слика на Инстаграм во маица на која „објаснила“ дека „не можеме сите да бидеме кралици- некој мора да се поклонува додека јас поминувам“.
Станија и за себе претходно ја „резервирала“ улогата на принцеза на која треба да се аплаудира, па со објавената слика предизвика бурни реакции меѓу своите фанови.
А кога сме веќе кај принцезите…
Дизни принцези
Се чини дека и Мадона и Станија во последно време се споредуваат со принцезите на Дизни. Само во малку поинаква верзија…
Принцезите на Мадона се опијануваат во обид да го излечат скршеното срце, а им се придружила и ексцентричната Фрида Кало.
Станија пак, нема проблем со скршеното срце, но… „Мојата искреност= моја најголема мана. Мојата голотија= мојот најголем грев“, напишала покрај илустрацијата од Снежана гола додека влегува во езеро.
Британско знаме
Мадона овие денови се „покрива“ со британско знаме…
Но, на Станија ѝ е потребно помало, доволно да ги покрие нејзините гради.
Младост и лудост
Кралицата на поп музиката неодамна покрај своја стара слика истакнала дека и денес се чувствува како таа истата девојка. Ѝ веруваме.
Ни Станија нема проблем со своите слики од младоста…
Љубители на кучиња
И во ова тие се слични….
Само, Мадона сака да се милува со малиот булдог…
А Станија да позира со доберман. Во бикини, се разбира.