Иако во моментов е дел од познатото српско шоу „Фарма“, Станија Добројевиќ нема причина да се грижи за тоа што ќе прави после неговото завршување.
Имено, старлетата пред влезот во „Фарма“ постигна договор со телевизијата „Пинк“, според кој после завршетокот на реалити шоуто таа ќе води нов телевизиски формат, пренесува „Ало!“.
„Станија покажа дека е талентирана за разни работи, па токму поради тоа управителите на телевизија Пинк одлучија да и предложат да води една емисија. По завршетокот на „Фарма“ таа би требало да води ново реалити шоу наречено „Крстарење“ кое ќе трае во текот на целото лето. Со обзир на тоа дека старлетата е доста слободоумна и нема никакви предрасуди, таа ова шоу би го водела во костим за капење, што им одговара на продуцентите со оглед на тоа што случувањата ќе се одвиваат на палуба“.
Инаку, доколку дојде до некакви промени поради кои ова шоу би било одложено, тимот на „Пинк“ секако на Станија ќе и понуди некој друг ангажман.