Популарната старлета Станија Добројевиќ, не престанува да ја изненадува јавноста со своите потези и фотографии кои секојдневно ги објавува на социјалните мрежи.
Станија, во моментов се наоѓа во Америка, во Њујорк, каде посетила една њујоршка плажа. Старлетата била во сосема опуштено издание, уживала и скокала по песокот.
Она што е интересно, е тоа што Станија низ твитовите ја опишувала својата љубов кон Бог, па на една од фотографиите напишала: „Една од најубавите врски кои можеш да ги имаш е врската со Бог“.
Подоцна следел и уште еден твит каде покрај љубовта кон Бог, Станија ги советува своите следбенички како фа се однесуваат, за да имаат душевен мир.
Кој знае, можеби старлетата зела малку библија во рацете, и се насочила кон вистинските животни вредности.
Погледнете ги твитовите.