Водечките автопроизводители започнаа соработка за создавање стандардизирани полначки станици за автомобилите на електричен погон, со што тие ќе можат да се наполнат за 15 минути.
Водечките американски и германски производители на возила – Audi, BMW, Chrysler, Daimler, Ford, GM, Porsche, VW, објавија планови за создавање на стандардизирани електрични станици за полнење на возила. Станиците ќе се нарекуваат “DC Fast Charging with Combined Charging System” и ќе нудат четири варијанти на полнење – монофазно, трифазно, еднонасочно (DC) и ултрабрзо еднонасочно (DC) полнење. Овој пристап ќе им овозможи на корисниците да ги напонат своите возила за помалку од 15 минути.
Според производителите комбинираниот пристап на полнење ќе ја намали комплексноста на развојот на оваа инфраструктура и ќе ја подобри сигурноста при полнењето. Комбинираниот систем за полнење ќе биде демонстриран на посебен симпозиум за електрични возила (EVS26).
Првите станици се очекува да се појават до крајот на годината, а првите електромобили кои ќе користат станиците за полнење се очекуваат најрано во 2013 година.
Објавено во соработка со Авто Плус.