Овој светол и простран стан се наоѓа во Гетеборг, иако внатрешниот стил потсетува многу на становите во Њујорк или Барселона, но нордиската белина, едноставност и елеганција го издаваат.
Таванот на станот е со височина од 4 метри, во кои се наоѓаат две отворени нивоа поврзани со стилски бели скали, осветлени од рефлектори.
Живеалиштето изгледа големо, но е само 68 квадратни метри што се стандардни за еден еднособен дом.
Да разгледаме!