Нигеријката Комфорт Тимоти родила девојче во својата 65. година од животот, пренесува агенцијата Анадолија. Како што пренесуваат локалните медиуми, Тимоти се омажила во 2001 година, но досега не ѝ се посреќило да има деца.
„Секој ден се молев да добијам ќерка, а по 18 години, молитвите ми се услишани. Станав мајка на 65 години. Секогаш треба да се молиме и трпеливо да чекаме на одговор. Мојот случај покажува колку е важно да се биде трпелив“, вели тазе мајката, која патем го пофали и сопругот дека бил голема поддршка.
Ќеркичката им се вика Ајобами, што на јазикот јоруба значи „Среќата стигна“.