Стампедо во Мека на Бајрам – 453 загинати

Во близина на светиот град за муслиманите Мека дојде до голема несреќа, во која животот го загубија стотина луѓе.
Најмалку 453 лица денеска го загубија животот, а 719 се повредени во човечко стампедо во саудискиот град Мина, во близина на Мека, каде на аџилак пристигнале околу два милиони луѓе.

Мина се наоѓа на околу пет километри од Мека. Тука во повеќе од 160.000 шатори спијат верниците за време на празникот.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот, доколку е способен, да замине на аџилак.

Несреќата се случила во улицата 204, која води до Џамарата, каде верниците симболично го каменуваат ѓаволот.

Ројтерс наведе дека во моментов се блокирани сите патишта кои воделе до местото на несреќата, каде пристигнале 220 амбулантни возила и 4.000 спасувачи.

Муслиманите ширум светот денес слават Курбан Бајрам. Околу 2 милиони верници занимале за Мека поради празникот.

meka1

 

 

- Реклама -