Најголемите акциони херои глумат заедно во филмот „Escape Plan“.
Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне изгледаа опасно на црвениот килим на премиерата на акциониот филм „Escape Plan“ во Њујорк.
Поранешните бодибилдери, кои влегоа во седмата деценија од животот, изгледаа младешки на премиерата. Силвестер се одлучил за црна кожна јакна, тесна црна маица и фармерки, додека Шварци се одлучил за покласичен изглед – црн костим. За нивни години изгледаат супер, нели?