Неговата филмска кариера за кратко падна во сенка поради лични проблеми како и репутацијата за еден од најлошите карактери во Холивуд.
Но, по сѐ изгледа дека Мел Гибсон дава сѐ од себе за да се врати на филмското платно со улогата во акциониот филм The Expendables 3.
57-годишниот актер има многу тешка задача за новиот филм – треба да направи мускули за да биде рамо до рамо со Силвестер Сталоне, кој е десет години постар од него, но има мускули како да е во цветот на младоста.
Папараците го уловија актерот како ја напушта теретаната во Лос Анџелес. Облечен во спортска маица, мускулите на рацете се видливи уште од далеку.
Мел Гибсон се труди повторно да ја изгради кариерата по контроверзното судење во 2006 година со неговата поранешна девојка Оксана Григориева која го обвини дека ја малтретирал. Неговиот последен фил The Beaver не постигна успех.