Во градскиот парк МекКеричер, во градот Форт Браг, Калифорнија, се наоѓа плажа која е буквално преплавена од стаклени парчиња.
Со децении брановите ги кршеа, измазнуваа и заоблуваа малите парченца, претворајќи го брегот во шарена палета од камења и стакло.
Од 1906 до 1967 година, приморските градови биле користени како депонии. Ѓубрето се фрлало близу до океанот за да го однесе водата. При сето тоа, се наоѓале и огромни количини на стакло.
Во 1967 година лидерите на северниот брег сватиле дека направиле грешка и побрзале да ја исчистат создадената депонија и целото крајбрежје. Сепак, после речиси цела денценија во која океанските бранови биле во контакт со големите стаклени количини, невозможно (а и непотребно) било да се расчистат шарените и веќе измазнети остатоци.
Стаклената плажа беше откупена од страна на Калифорнискиот одбор за државни паркови во 2002 година, со што повеќе од четири години работеше на нејзиното досредување. Одкако завршија потребните подготовки и безбедносни корекции, во 2007 им беше дозволено на љубопитните да ја посетат.
Популарноста на плажата за кратко време порасна, а со тоа и бројот на посетителите. Воодушевени од шарената мешавина на стакло и камен, многу од нив започнаа да ги собираат парчињата и да ги задржуваат како сувенири, со што за кратко време се намали износот на стакленца на плажата. За да ја задржат уникатноста на шарената плажа, одборот на градкиот парк донесе закон со кој строго се забранува изнесување на какви било артефакти од брегот.
Покрај стаклените парчиња, плажата е специфична и по тоа што претставува дом за голем број на ракови, школки и водни растенија.