ССК: Подобар ефект ќе се постигне со стимулирачки, наместо со репресивни мерки

Изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот на стопански комори (ССК) барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна, реагира ССК.

Сојузот останува отворен за натамошна соработка и потенцира дека стимулирачките мерки ќе дадат подобар резултат.

„Нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови вакцини и релевантни информации за нивната безбедност“, наведува ССК.

„Заштитата на здравјето на граѓаните е највисок приоритет во услови на пандемија и може да се постигне со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки како и со континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Прочитајте и:  Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица

Сојузот на стопански комори речиси овие две години од почетокот на пандемијата дава активен продонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување се со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици во економијата“, се вели во соопштението.

МИА

- Реклама -