Срцев удар може да се предвиди и еден месец порано – еве ги симптомите

Срцевиот удар може да биде ненадеен и без предупредување, што го прави еден од најсмртоносните медицински состојби. Но исто така, симптомите што сугерираат на можен напад можат да се воочат и пред да дојде до кобниот момент.

До срцев удар доаѓа кога ќе се затне коронарната артерија. Поради тоа, крвта не може да дојде до срцето и тоа престанува да работи. Кога ќе дојде до срцев удар, ткивото умира поради недостаток на доток на крв и лицето доживува неверојатна болка. Доколку нема медицински персонал во близина кој веднаш би го спречил нападот, изумирањето на ткивото може да биде фатално.

Следниве симптоми можат да укажат на можен срцев напад во иднина. Всушност, можат да помогнат да се предвиди срцев удар и до месец дена пред да се случи.

Неверојатен замор 

Кога стеснувањето на коронарната артерија ќе го достигне опасното ниво, срцето прима помалку крв поради што работи повеќе од вообичаеното и што доведува до умор.

Губење здив 

Доколку тешко доаѓате до здив, постои ризик дека ќе доживеете напад. Кога срцето добива помалку крв, помалку кислород доаѓа до белите дробови, што доведува до губење на здивот. Кардиоваскуларниот и респираторниот систем потполно зависат еден од друг, така што тоа може да биде добар показател.

Слабост

Кога вашето тело нема доволно кислород поради намален проток на крв, ќе се чувствувате послабо од инаку. Тоа е затоа што стеснувањето на артеријата ја намалува циркулацијата, поради што мускулите не добиваат доволно крв.

Вртоглавица и/или студена пот

Кога доаѓа до срцев удар, може да доживеете необични бранови на студена пот и/или вртоглавици. Слабата циркулација го оневозможува дотокот на крв во мозокот, што предизвикува вртоглавица, посебно кога нагло ќе станете од столче или кревет.

Непријатност и стегање во градите

Недостатокот на кислород поради намалениот проток на крв, може да предизвика непријатно чувство во градите. Болката може да се зголемува сѐ до моментот додека не настапи срцевиот удар.

Што да се прави?

Доколку имате дел од овие симптоми или повеќето од нив, би требало веднаш да побарате совет од лекар. Ова се индикатори дека постои ризик од срцев удар, а најдобар начин тој да се спречи е да се реагира штом се забележат симптомите.

- Реклама -