Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска му врачи Орден на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска му врачи Орден на голем синџир на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Николиќ му го додели орденот на рускиот претседател за исклучителни заслуги во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи меѓу Србија и Русија, а при врачувањето на одличјето му се обрати со зборовите: „Драг брате, српскиот народ се гордее што ти ќе го носиш највисокиот српски орден“.
Заблагодарувајќи се на одликувањето, рускиот претседател порача дека тоа претставува израз на почитувањето и љубовта на Србија кон Русија и рускиот народ.
– Се заблагодарувам на ова највисоко одликување. Не мислам дека сум направил нешто со што го заслужив. Тоа е, пред се, израз на љубовта и почитувањето на Србија кон Русија и рускиот народ. Ве уверувам дека Русија, како и во претходниот период, на Србија ќе гледа како на најблизок сојузник и соработник, рече рускиот лидер.
Путин додаде дека ќе продолжи да прави се за односите меѓу двете држави постепено да се развиваат и во согласност со интересите на двата народа, но и така да придоносуваат кон поправеден свет и да помогнат во решавањето на проблемите.