Српскиот кошаркар Марко Јариќ одлучи да ја тужи својата поранешна сопруга Адријана Лима за штетата која му ја нанела.
Во тужбата тврди дека поради бразилскиот модел тој ја прекинал својата успешна кариера и со тоа изгубил многу пари, а од Лима бара неверојатни 30 милиони долари, пишува Press Online.
Преубавата убавица и ангел Адријана Лима од неодамна поднесе барање за развод од Марко Јариќ. Кошаркарот веднаш потоа поднесе противтужба и од бразилскиот модел бара надомест на штета.
„Кога Марко се вратил од Белград во Америка, тие двајца поминале неколку дена во Мајами. Се обидоа да ги решат проблемите за нивните ќерки Валентина и Сиена. На крајот кога го спомнаа неверството многу се испокараа. Марко, меѓу другото, ја обвини дека е крива дека ја прекинал успешната кариера и ѝ рече дека таа тоа делебо ќе го наплати“, рекол извор близок на парот.