Српската царина покажа каде се кријат мигрантите во обид да поминат граница (ГАЛЕРИЈА)

Српската царина објави фотографии од фатени мигранти кои се обидувале да ја поминат границата скриени во опасни места од камионите.

На 11 април, на пример, на граничниот премин Шид, мигрант се криел под шасијата на камионот.

 

Друг, 28-годишен државјанин на Пакистан, пронајден е на многу ризично место – под камион со крагуевачка регистрација на пат кон Италија.

Мигрант, за кој се покажало дека има документи од прифатен центар во Кикинда, бил пријавен на цариниците од возачот, кој го забележал како се мотка околу камионот.

Двајца мигранти на исто таков ризичен начин се обиделе да поминат на преминот Хоргош. Скенерите регистрирале две човечки силуети под камионот.

На исто место на 7 март бил откриен и државјанин на Бангладеш кој се обидувал да стигне до Западна Европа.

Цариниците на Хоргош се сеќаваат и на еден Албанец кој на 15 октомври лани седел на резервната гума на камион кој патувал празен кон Унгарија за да натовари роба.

- Реклама -