Иде Нова Година, луѓе купуваат, продавниците се полни со муштерии…
За Лори Џонс, која работи во продавничка во Форт Колинс во Колорадо, тоа било само уште еден обичен предпразничен ден, сé додека во продавничката ладнокрвно не влегла срна.
Изгледала како да одбира подароци за своето семејство, низ смеа раскажува Џонс. „Разгледуваше очила за сонце и чипсови. Се смеев цело време“.
Но добро, колку и да е забавно, не можеш да чуваш срна во продавница, нели? Па ја намамиле со нешто вкусно да излезе и да си замине.
Арно ама, 30 минути подоцна, ете ти ја пак. Сега со цело семејство.
„Децата“ се чинеле добро воспитани, раскажува Џонс низ уште повеќе смеа. Чекале надвор пред вратата, со поглед како да прашуваат „може и ние да влеземе?“. „Пресмешно беше“, вели Џонс.
Фотка од Форт Колинс.