Двајцата среќни добитници на главната награда од наградната игра Каква шанса, Рамстор и Патос те носат на финале во Бразил, во организација на Рамстор, во живо го следеа најголемиот фудбалски спектакл за оваа година, финалето на светското првенство во Бразил.Јовче и Елизабета Пластиновски по враќањето во Скопје изјавија дека ова е патување кое ќе го паметат целиот живот.
Атмосферата на трибините на стадионот “ Маракана “ добитниците велат дека е тешко да се опише со зборови. Чувството да се биде на трибините кога се игра финале на светско првенство во фудбал е неверојатно и ниту едно доживување не може да се спореди со атмосферата која ја прави 100 илјадната публика.
„Ова е искуство кое ни го разубави летото. Чувството да се биде во Бразил за време на фудбалскиот мундијал е тешко да се опише. Бескрајно сме благодарни на нашиот омилен трговски центар Рамстор за одличната организација и што ни го овозможи ова неверојатно патување”, велат Јовче и Елизабета.
Дека среќните Рамстор добитници ова искуство ќе го паметат цели живот говорат и фотографиите од патувањето во Бразил.
Погледнете го и видеото од нивното патување: