Среќен роденден, Тетрис

tetris
Да не се лажеме, и порано зјапавме во ствари

На денешен ден (6 јуни) 1984 година, се појавува веројатно најпрочуената игра на сите времиња. Направена е во Москва од Алексеј Пажитнов и Димитриј Павловски – и двајцата компјутерски инженери од Комјутерскиот центар при Руската академија на науки.

Во тоа време, Алексеј и Димитриј се интересирале за создавање и продажба на тогаш напредни компјутерски игри, тестирајќи неколку видови. Алексеј особено ги сакал грчките пазл игри наречени „пентамино“, кои се играат со 12 фигури составени од 5 делови. Набрзо сфатил дека идејата на пентаминото е премногу комплексна за имплементирање во видео игра, па наместо тоа го упростил концептот во „тетрамино“ – фигури од по 4 дела, позајмувајќи аспекти и од руската игра на табла „Пентамино“, во која се редат фигури составени од 4 квадратчиња. Оттаму и името на играта – Тетрис, кое доаѓа од грчкиот збор за бројот 4 – „тетра“.

Во 1985-1986 година, Алексеј Пажитнов ја програмира првата верзија на тетрис за советските микрокалкулатори “Електроника-60”.

Во 1986 година, Вадим Герасимов, 16 годишен ученик, го имплементира Tetris-от под оперативниот систем MS-DOS, со што го означува почетокот на ерата на компјутерската игра. По ова, играта брзо се шири од дискета на дискета по цела и полека низ целиот тогашен социјалистички блок.

Во 1986 година Тетрис стигнува до Лондон и оттаму до САД, каде што станува доживува вистински бум. Во 1989 излегува и во верзија за GameBoy на Nintendo.

Денес Тетрис постои во десетици илјади платени и бесплатни, прости и посложени варијанти. Ја има онлајн, на компјутерите и на мобилните телефони (дури и примитивните). Играта останува едноставна, ама заразна, популарна и бесмртна.

- Реклама -