Познатиот зајак Душко Долгоушко (Bugs Bunny), ѕвезда од цртаните филмови „Looney Tunes”, вчера го прослави 75-тиот роденден.
Душко Долгоушко доаѓа од студиото „Ворнер Брос“, каде беше измислен од легендите Бен Хардвеј, Текс Евери и Чак Џонс. Според „својата“ биографија, тој е роден на 27-ми јули 1940 година во Њујорк.
Прв пат се појави на 30-ти април 1938 година во филмот „Porky’s Hare Hunt”, но дури во „A Wild Hare“ (Див зајак) од 1940 година станува фугура која ја знаеме денес. Во тој филм за прв пат се појави од зајачката дупка и ја изговори својата позната реченица „What’s Up, Doc?“, која ќе го направи еден од најпознатите анимирани ликови на сите времиња.
По цртаниот филм од 1983 година, Текс Ејвери и Боб Гивенс се погрижија за редизајнот на анимираниот зајак, а тоа водено е и првата епизода во која гласот на Душко Долгоушко беше позајмен од познатиот Мел Бланк.
Интересно е тоа што „A Wild Hare“ бил номиниран дури и за наградата Оскар. Освен Душко Долгоушко во тој филм се појавуваат и ловецот Елмер Фад, кој неуспешно се обидува да го убие зајакот со сачмарка.
Популарноста на сивиот зајак беше огромна во целиот свет, а особено во САД каде, исто така, е првиот анимиран лик кој се појавил на поштенска марка. Ова некои го сметаа за контраверзно, бидејќи таа чест претходно припаѓаше само на историски личноти. Други, пак, сметаа дека на поштенската марка треба да се појави и Мики Маус.
Деведесетитте години му донесоа ревитализација на Душко Долгоушко во многу популарниот филм „Space Jam” од 1996 година, во кој се појави со останатите ликови на „Looney Tunes”.
Иако неговото постојано грицкање на моркови е сосема разбирливо, со оглед на тоа што тој е зајак, всушност, тоа е потег инспириран од легендарниот Клерк Гејбл. Станува збор за пародијата на Гејбл во филмот „It Happened One Night” во кој тој, потпирајќи се на оградата, грицка морков и зборува брзо.