Компаниите што ги продаваат нивните продукти благодарение на тоа што на жените им всадуваат длабока параноја околу нивните газови со целулит и брчки на кожата, по повод 8-ми март, испратија голем поздрав до „сите вистински жени“ низ светот.
На Твитер, пак, шефот на една компанија за диета го изрази своето задоволство околу постоењето на празникот, истакнувајќи дека е одлично е да се види жените да бидат славени за нивната извонредност, наместо нивната невроза да биде користена за од нив да се направи плен за маркетинг цели.
„А зар има подобар ден да почнете да симнувате неколку килограми за да не изгледате како подвижна ружноќа на претстојниот одмор на плажа?“, додаде тој.
Директорката, пак, на едно престижно модно списание, рече дека интернационалниот Ден на жената е шанса за нив да здивнат од поткопување на женската психа со најподмолните методи, како и шанса за жените да здивнат и раат да ги поправат своите фацијални дефекти со хемиски богата крема за лице и скапи дизајнерски чанти.
„Исто така, кул е што денов ги влече своите корени од демонстрации водени од жени што носеле работнички униформи. Има ли подобар начин да се искаже важноста на тие демонстрации и еманципацијата што произлезе од нив, од тоа да купите тренди здолниште од нашиот вебсајт?“, порачува таа.
Ако при купувањето внесете „феминизам“ во празното поле на ваучерот, ќе добиете 10% попуст, пишува на сајтот.