Среќата значи долг живот

среќаПо анализирање на десетици студии научниците дошле до заклучок дека луѓето кои се среќни и позитивно гледаат на животот живеат подолго. Тие откриле „јасни и убедливи докази“ дека среќата е темел за подобро здравје и подолг живот.

Анализата на над 160 студии посочила кон врската помеѓу позитивниот став и поздравиот живот. Оваа врска е дури посилна и од онаа помеѓу прекумерната тежина и скратениот животен век. Резултатот се надоврзува на претходни студии кои дошле до сличен заклучок. Научниците од Универзитетот од Илиноис откриле дека позитивното расположение го намалува нивото на хормоните поврзани со стрес и ја подобрува функцијата на имунитетот.

Според студиите, покрај другите предности, среќата придонесува и за побрзо опоравување по напорни вежби додека вознемиреноста, депресијата и песимизмот придонесуваат кон повисок ризик од болести. Луѓето кои чувствуваат силен гнев или живеат во стресна средина се поподложни на болести. „Речиси бев шокиран, дефинитивно изненаден, од усогласеноста на податоците“ изјавил професор Ед Диенер, предводник на студијата. „Општиот заклучок од секој тип на студија е дека позитивните чувства за сопствениот живот, без стрес, без депресија, придонесуваат кон подолг живот и подобро здравје. Мнозинстовото го подржува заклучокот дека среќата е поврзана со здравјето.“

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Професор Диенер забележал дека иако сегашните здрави трендови се фокусираат на прекумерната тежина, пушењето, навиките во исхраната и вежбањето „можеби е време да се додадат ,бидете среќни и избегнувајте хроничен гнев и депресија’ на списокот“. „Среќата не е магичен куршум, но доказите се јасни и убедливи дека таа ги намалува шансите од добивање болест и умирање на млада возраст.“ Анализата се фокусирала на осум различни типови на долготрајни студии и експерименти кои опфаќале и луѓе и животни.

На пример, 5000 универзитетски студенти проучувани во период од над 40 години посочиле кон заклучок дека најпесимистичките студенти имале тенденција да умираат најмлади. Во друга студија која се фокусирала на 180 католички калуѓерки, научниците откриле дека оние кои пишувале позитивни автобиографии во својата младост ги надживувале оние кои својот живот го опишувале во понегативно светло. Животните кои живееле во стресни услови, како пренатрупани кафези, имале послаб имунитет и повисок ризик од срцеви болести. Тие исто така умирале порано од животните кои живееле со помалку стрес. [Happiness ‘helps you live longer’, review of 160 studies concludes]

- Реклама -