Среќа во несреќа: Ја прегазиле три воза, го повредила само рамото

Иркињата Мери Дауни (22), која живее во Њујорк, паднала на шините во подземната станица на Тајмс Сквер, но сепак успеала да преживее здобивајќи се само со фрактура на рамената, пренесува Sky News.

Инцидентот се случил вчера наутро, а како што пренесуваат медиумите, Дауни испила огромно количество на алкохол пред да падне на шините. Станицата во тој период била речиси празна.

article-2675066-1F46189500000578-119_634x380

При самиот пад девојката го скршила рамото, а кога сфатила дека нема да може да стане, одлучила да легне меѓу шините. Најпрво еден воз поминал преку неа, а потоа и уште еден. Кога третиот воз започнал да се приближува, Дауни ја подигнала раката и му мафнала на машиновозачот, кој иако ја видел не успеал да го застане возот и преминал преку неа.

Брзата помош ја пренела девојката во најблиската болница, за само после неколку часа да ја пуштат на домашна нега со завиено рамо.

- Реклама -