Татко и син имале фарма.
Биле сиромашни и чувале неколку животни, но многу се грижеле за единствената кобила. Еден ден сепак таа избегала.
– Ах, каква лоша среќа! – рекле соседите. – Лоша или добара, никој не знае, одговорил земјоделецот.
По една недела кобилата се вратила, а по неа во дворот влегле и четири диви коњи.
– Ох, каква среќа! – извикале соседите. – Добра или лоша , никој не знае, одговорил земјоделецот.
Синот почнал да ги дресира дивите коњи, но еден од нив го фрлил и му ја скршил ногата.
– Лоша среќа! – рекле соседите. – Добра ли лоша никој не знае, повторно одговорил стариот фармер.
По една недела во селото дошле воени лица и ги собрале сите млади мажи да одат во војна. Само синот на земјоделецот го оставиле бидејќи бил со скршена нога. Добра или лоша среќа? Никој не знае…