Среќен роденден Том и Џери!

На 20 февруари 1940 година за прв пат на екраните се појавуваат  милениците  на неколку генерации деца и возрасни – Том и Џери. Анимацијата на Вилијам Хана и Џозеф Барбара, која го слави 74-тиот роденден,  уште со првите епизоди заработува седум оскари што го претскажува нејзиниот огромен успех на екранот и во срцата на гледачите.

Во првата епизода на анимацијата мачорот Том се нарекува Џаспер. Вечниот ривал е Мишелин Џери. Двајцата се впуштаат во бурните авантури  секоја епизода, без да губат време за приказни. Всушност, тоа е една од ретките анимации во која цртаните  ликови не зборуваат.

Том користи вербални способности исклучително ретко и тоа само кога заведува женски мачки. Џери исто така се воздржува од сказните, иако во една епизода вели „Не” цели пет пати.

- Реклама -