Средното училиште „Владо Тасевски“-ПТТ, со новото руво, ни ја донесе Европа дома (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред околу 6 месеци, со зборовите „да е здравје и живот, со Господ напред“, директорот на СУГС “Владо Тасевски”-ПТТ – Александар Сибиновски, го најави проектот за комплетна реконструкција на внатрешноста на ова скопско средно училиште, со проекција за изведба до 1 септември. Првиот училишен ден дојде, а со тоа и моментот да се покаже сработеното.

„Денес, на почетокот на новата учебна година, гордо и нескромно ќе кажам, УСПЕАВМЕ!!! Вака изгледа модерен и европски училишен центар!“, напиша на социјалните мрежи директорот на училиштето Сибиновски, со ветување дека нема да застане тука.

Таквата оценка тој ја аргументираше со низа фотографии, а, според бројните реакции, неговата самоувереност е целосно издржана.

„ПТТ влезе во ЕУ пред Македонија, честито директоре!“, пишува во еден од бројните коментари под фотографиите што ги сподели Сибиноски.

„Бев ученик во ова училиште и горд сум на напредокот што е постигнат. Само напред“, вели друг коментар.

„БРАВО… ова го може само добар менаџер и директор со визија!“, продолжуваат честитките.

Во продолжение, фотогалерија од новото руво на СУГС “Владо Тасевски” – ПТТ. Пресудете сами:

 

- Реклама -