Со делумен бојкот на пописот, одиме кон најлошото можно сценарио – вели Никола Србов, поранешен член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.
„На неколку денови пред почетокот на пописот, доколку истиот се одржи во предвидениот рок, стравувам дека одиме кон најлошото можно сценарио што и претходно го имам и кажано и напишано. Еден дел од Македонците ќе бојкотира, друг дел ќе се попише и ќе добиеме неверојатно погрешни бројки кои ќе бидат земени за валидни“, пишува Србов на Фејсбук.
Според него, во наредните денови остануваат само две опции: 1. Да се направи сѐ за пописот да биде одложен за идната година, или 2. Да се започне кампања за масовно попишување.