Србинка на оглас си го продава сопругот

Една жена од Сомбор на локален сајт за онлајн аукција објави шеговит оглас, во кој го продава својот сопруг.

Мажот стар 33 години очигледно е мошне популарен „производ“, а понудениот износ моментно се движи околу 11 илјади динари (околу 100 евра).

„Љубов те сакам најмногу на светот, па и нека ми го укинат налогот, ете тоа нека го знае целиот свет“, напишала жената во текстот на огласот.

Таа својот сопруг го опишала како „зачуван, убав и згоден, без мани и оштетувања“. Напишала дека не пие и не пуши, дека поправа апарати за домаќинство, но дека не е вешт во сечење дрва.

Жената за понудениот маж навела дека има седум денa гаранција и оти купувачот, доколку не е задоволен може да го врати во тој рок.

Аукцијата трае шест дена, а според зборовите на „продавачката“, нејзиниот сопруг знае за оваа шега и нема ништо против.

prodaja-muza-licitacija-foto-printskrin-1405081708-532717

- Реклама -