Во институтот Торлак (Институт за вирусологијa, вакцини и серуми) во Белград, Србија, од денеска почна да се произведува руската вакцина „Спутник В“, објавија Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ) и рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
Тоа го потврди и српскиот министер за иновации и технолошки развој – Ненад Поповиќ, кој на Твитер објави дека денеска во институтот е извршено првото полнење на вакцината „Спутник В“.
Со ова, Србија станува првата земја во Европа која ќе ја произведува руската вакцина. Според РДИФ, производството во Србија ги исполнува најдобрите стандарди во производството на вакцини, а вакцините подоцна би можеле да се извезуваат и во други земји во регионот.
Во соопштението на веб-страната на Рускиот фонд се потенцира дека „Спутник В“ е регистрирана во 60 земји ширум светот, со вкупна популација од 3 милијарди луѓе. Ефикасноста од вакцината изнесува 91.6%, како што потврдуваат податоците објавени во „The Lancet“ – еден од најдобрите и настарите медицински весници во светот, се додава во соопштението.
BREAKING: #Serbia starts #SputnikV production!
RDIF & Institute of Virology, Vaccines and Sera “Torlak” join forces to bring more Sputnik V vaccines to the world!
— Sputnik V (@sputnikvaccine) April 14, 2021