Во еден прилично тежок меч, Србија ја доби Албанија на гостинскиот терен во Елбасан со 2-0. Уште пред натпреварот, притисоците беа огромни и за двете екипи.
На крајот Србија славеше и им донесе голема радост на навивачите и покрај слабо одиграниот квалификациски циклус.
„Радувај се и пеј Србијо, ова е голема победа за нас“, изјави Миралем Сулејмани.
„Ова ни беше потребно. Знаевме дека можеме, но требаше да им покажеме и на сите други. Овој тим има иднина, иако во овие квалификации не бевме на нашето ниво. Но, покажавме дека имаме квалитет и дека играме со срце за Србија“, изјави Коларов.