На секои 100 граѓани на Србија има по 39.1 парчиња лесно оружје, со што Србија се рангира на третото место во светот по вооруженост на цивилното население.
Според истражувањето на Женевскиот институт за меѓународни истражувања, Србија, заедно со Црна Гора, го имаат највооруженото цивилно население во Европа.
Иако не може да се утврди бројот на нелегалното оружје, се проценува дека во српските домови се наоѓаат околу 3 милиони пиштоли поседувани од цивили.
Повеќе оружје од Србите имаат само Американците и Јеменците. Во САД има повеќе оружје отколку полнолетни граѓани – по 120 пушки и пиштоли на секои 100 полнолетни жители. Во Јемен на секои 100 граѓани има по 52 парчиња лесно оружје.