Срамота: Бара донации од фановите за да и изгради црква на Ким

Веќе навикнавме богатите и славните понекогаш да имаат во најмала рака, чудни идеи. Некои одат во крајност!

Иако оваа вест доаѓа од таблоид кој што треба да се земе со резерва, воопшто не би се изненадиле ако е вистина.

Кание Вест одлучи да подигне црква на својата сопруга Ким Кардашијан!

Како парите што ги има да не се доволни, па Вест очекува неговите обожаватели да донираат колку што можат.

Наводно, Вест сака да изгради црква во која би се случувале венчавки, крштевања и семејни погреби. Сето тоа е за неговото семејство. На прозорците сака да стави свој лик покрај ќерката Норт и сопругата Ким.

 

- Реклама -