Се воодушевуваш на фотографии од девојки со стегнати задници и мислиш дека твојот никогаш не би можел да изгледа толку добро? Се лажеш, затоа што, без оглед на тоа дали имате мал или голем постои вежба која од секој задник може да го извлече најдоброто.
Оваа супер едноставна вежба се вика squat, а по неа се луди девојките ширум светот кои и сами се уверија во моќните резултати на оваа едноставна фитнес формула.
Ова вежба покрај задникот ги затегнува и бутовите, грбот и долниот дел од стомакот, а можеш да ја правиш било каде и било кога!
Како се прави squat?
Застани исправено и рашири ги стопалата во ширина која малку ја надминува ширината на твоите рамења. Лесно спуштај го задникот кон подот, како да седнуваш на стол, притоа внимавај на правилно држење. Во таа положба остани неколку секунди, а потоа исправи се и повтори ја вежбата. Треба да почувствуваш затегнување во задникот и надворешната страна на бутовите, а ако вежбата ти се чини прелесна веројатно ја изведуваш на погрешен начин или не се спушташ доволно длабоко.
На што треба да внимаваш?
1.Петите треба да бидат залепени на подот
2.Резултатите може да изостанат ако не го спушташ задникот блиску до подот
3.Колената мора да стојат рамно во иста линија со стопалата, не ги шири на страна
4.Грбот мора да биде исправен, немој да се згрбавуваш
Дополнителен предизвик!
За време на вежбањето можеш да држиш тегови.
Ако си од оние девојки кои постојано некаде брзаат – оваа вежба прави ја додека ги миеш забите. 30 пати наутро, 30 пати навечер и наскоро твојот задник ќе биде спремен за на плажа.