Кога група работници од една канцеларија забележале крадец како го сече катанецот на велосипед тие веднаш тргнале да го спречат. Вработените од WCG World, комуникациска фирма од Сан Франциско, го забележале човекот како го сече катанецот со клешти. Неколку работници се упатиле да го спречат крадецот – кој имал проблеми поради високото седиште.
Предводник на нападот била Кристен Бел која се фрлила врз крадецот и го турнала на земја. Крадецот ги собрал своите работи од земја и си заминал, најверојатно не знаејќи дека ќе стане YouTube ѕвезда. И додека некои луѓе ги критикуваат хероите што не го спречиле крадецот, тоа најверојатно било најдобриот избор, бидејќи кога обезбедувањето на комплексот го нашле, тој им се заканувал со нож.
{youtube}U-zJQzi7dMg{/youtube}